Како елитниот 22 армиски корпус на руската армија го чува најголемиот носач на авиони на светот кој

Слободан Ѓукиќ
На Крим се наоѓа голема воено-поморска база, цел еден армиски корпус, две дивизии со респектабилно количество најсовремена борбена техника. Во последниве четири години руската армија од Крим направи „несовладлива тврдина“ која неодамна ефикасно беше поврзана со копното преку стратешки важниот Кримски мост. Кои борбени единици се наоѓаат на територијата на рускиот полуостров Крим и со каква борбена техника располага можете да прочитате во главниот дел од текстот.

22 армиски корпус е подготвен да издржи и атомски удар

Копнените сили кои се распоредени на Крим се наоѓаат во состав на новообразуваниот 22 армиски корпус (22 АК) кој претставува оперативен борбен систем формиран на 10 февруари 2017 година со штаб во Севастопољ. Корпусот ја обединува копнената војска на Црноморската флота, а негова основна задача е заштита на брегот на полуостровот од напад од море односно од евентуален поморски десант. Освен тоа, во зоната на одговорност на 22 армиски корпус се наоѓа Перекопскиот теснец со ширина од 30 километри (појас на земјиштето кој ги раздвојува Азовско и Црно Море), кој го поврзува Крим со копното.

Основата на 22 армиски корпус е 125 самостојна крајбрежна бригада составена од 2.000-2.500 луѓе, која се базира во населеното место и гарнизон Переваљное. Овој гарнизон се наоѓа помеѓу градовите Симферпољ и Алуште. Бригадата во голема мера е професионализирана, и во целина е опремена со најсовремена борбена техника. Конкретно, тенковскиот баталјон на оваа бригада е опремен со последната модификација на основниот борбен тенк Т-72 кој ја носи ознаката Т-72Б3. На истото место е распореден и 8 самостоен артилериски полк на крајбрежната одбрана со 1.000 војници и офицери. Овој полк има задача врз себе да го преземе ударот во случај на евентуален напад на копнените сили на непријателот преку Перекопскиот теснец. Полкот може да одбие каква било вооружена агресија која би дошла од овој правец, благодарение на увежбаноста на својата жива сила, но и на современото вооружување со кое располага, а кое е составено од самоодечки противтенковски системи 9К123-1 „Хризантема-С“, самоодечките хаубици „Мста-С“ и модернизираните лансери на ракети со повеќе цевки 9К51М „Торнадо-Г“.

Одбраната на Севастопољ ѝ е доверена на 15 самостојна ракетна бригада која претставува главна ударна тупаница на 22 армиски корпус во борбата против поморските борбени потенцијали на непријателот. Во арсеналот на оваа бригада се наоѓаат ракетни системи од класата брег-море 3К60 „Бал“ и 3К55 „Бастион-П“ кои во своето вооружување ги имаат ракетите Х-35 и П-800 „Оникс“. Овие ракети можат д уништат површински бродови со голем депласман на оддалеченост од 260-500+ километри. Ракетните противбродски системи на 22 армиски корпус покриваат поголем дел од источниот и од централниот басен на Црно Море, и имаат способност своите ракети да ги исфрлат до турскиот брег.

Последната линија на одбрана е составена од малку застарените, но и понатаму употребливи советски ракетни системи „Рубеж“ кои можат да погодат површински бродови на оддалеченост до 80 километри. Овие системи се наоѓаат во вооружувањето на 854 самостоен ракетен полк кој е базиран во Севастопољ.

Доколку напаѓачот успее и покрај масовната примена на овие средства да дојде до брегот, на неговиот приод ќе ги пречека веројатно најжилавата пешадија на светот која се наоѓа во состав на 127 извидувачка и легендарната 810 самостојна бригада на морнарската пешадија на Црноморската флота.

За одбивање на нападот од воздушниот простор кој би бил фокусиран на воените цели (ракетните батерии од класата брег-море кои се наоѓаат во рамката на 22 армиски корпус), но и на цивилните цели на Крим, задолжен е 1096 противвоздушен ракетен полк кој е распореден околу градот Севастопољ. Тој во воено вооружување поседува ракетни системи со краток дострел 9К33 „Оса“ и ракетни системи со среден дострел 9К317 „Бук-М2“. Според определени информации, овој полк во следната година треба да добие контингент од моментално најмодерната варијанта на системот „Бук“ кој ќе ја носи ознаката Бук-М3 „Викинг“.

На крајот на краиштата, доколку единиците на противвоздушната одбрана на 22 армиски корпус се соочат со напад кој по својот интензитет и обем ги надминува неговите одбранбени можности, во секој момент е подготвена да помогне 4 воздухопловна армија која се наоѓа во состав на ВКС на руската армија. Главниот штаб на 22 армиски корпус се наоѓа на 24-часовна заштитена врска со командата на 4 воздухопловна армија на ВКС.

4 воздухопловна армија има задача да го исчисти воздушниот простор над Црно Море

Единиците на Воздушно-космичката војска на Крим се составени од две крупни формации – 27 мешовита воздухопловна дивизија која е базирана на воениот аеродром Белбек и 31 дивизија на противвоздушната одбрана која е распоредена во Севастопољ. 27 мешовита воздухопловна дивизија е составена од три воздухопловни полка:

  • 38 воздухопловен ловечки полк кој е базиран на аеродромот Балбек и кој е составен од ескадрила опремени ловечки авиони Су-27СМ и Су-30М2,

  • 37 мешовит воздухопловен полк на кој првенствена задача му е борбата со непријателските копнени и поморски цели, а кој е вооружен со ескадрили со бомбардер со голем дострел Ту-22М3, Су-24М2 и со офанзивците Су-25 и,

  • 37 хеликоптерски полк кој е составен од офанзивни и воено-транспортни хеликоптери од различен тип.

27 хеликоптерски полк е базиран на аеродромот Џанкој на северот од полуостровот Крим, недалеку од Перескопскиот теснец и е составен од три ескадрили од кои секоја поединечно е опремена со ударни хеликоптери Ка-52 „Алигатор“, Ми-28Н и Ми-35Н и воени-транспортни хеликоптери Ми-8АМТШ. Неговото базирање во градот Џанкој ја определува и неговата основна намена, а тоа е давање активна огнена поддршка на копнените единици на 22АК со цел неутрализација на каков било напад кој би дошол од копнен правец преку Перескопскиот теснец.

Противвоздушната и противракетната одбрана е доверена на ешалоните на 31 дивизија за ПВО со штаб во Севастопољ. Оваа дивизија првобитно беше вооружена со ракетни системи С-300ПС, за од 2016 година да започне интензивен процес на нејзино превооружување, кога нејзините ракетни полкови (12 севастопољски и 18 феодосиски) беа опремени со моќни системи со голем дострел 40Р6 С-400 „Триумф“. Освен тоа, оваа дивизија во својот состав има и хибридни топовско-ракетни системи со краток дострел „Панцир-С1“ кои се распоредени околу најважните воени и стопански објекти на полуостровот.

Уште една важна компонента која се наоѓа во составот на противвоздушната одбрана на полуостровот е и авијацијата на Црноморската флота, кој е составена од два воздухопловни полка. 43 самостоен офанзивен воздухопловен полк е базиран на аеродромот Новофедоровка кој се наоѓа во близина на градот Саки. Тој е опремен со ескадрили бомбардери Су-24 + извидиувачка варијанта на овој авион Су-24МР, но и со исклучителните ловци од 4++ генерација Су-30СМ. На аеродромот Кача се наоѓа 318 мешовит воздухопловен полк кој располага со противподморнички авиони-амфибии Бе-12, воено-транспортни авиони Ан-26 и хеликоптери за потрага и спасување Ка-27.

Црноморската флота гаѓа цели во радиус и до 2.500 километри

Бродовите на руската Црноморска флота кои се базираат на полуостровот Крим се наоѓаат на редовно воено дежурство во источното Средоземје (поморско обезбедување на операцијата на руската војска во Сирија), земајќи учество на многубројни меѓународни воени вежби со земјите-партнери, каде со гордост го носат Андреевското знаме илјадници наутички милји далеку од својот дом. Денес Црноморската флота е составена од еден ракетен крстосувач, шест големи патролни брода со голема автономија на пловидба (три од овие брода се направени според проектот 11356 „Буревесник“ кој во своето вооружување има крстосувачки ракети „Калибр“ и суперсонични противбродски ракети „Оникс“), седум големи десантни бродови, седум мали ракетни бродови од кои три се вооружени со крстосувачки ракети „Калибр“ („Бујан-М“), шест дизел-електрични подморници од класата „варшавјанка“ (сите опремени со КР „Калибр“), три мали протиподморнички брода и десетина други бродови кои имаат логистичка улога.

Моментално се вложуваат вонредни напори во голема мера да се унапредат борбените способности на Црноморската флота. До 2021 година во нејзиниот состав ќе влезат три големи патролни брода од проектот 11356 вооружени со комплексот „Калибр“: „Адмирал Бутаков“, „Адмирал Истомин“ и „Адмирал Корнилов“. Овие фрегати се веќе спуштени во вода и во тек се нивните интензивни тестирања. Во исто време на поморските единици на Црноморската флота ќе им бидат испорачани и шест мали ракетни бродови од проектот 22800 „Каракурт“, со што овој оперативно-стратешки систем на руската Воена морнарица ќе добие на својот офанзивен потенцијал.

Со ваков распоред на силите Крим е денес еден од најзаштитените региони во рамките на Руската Федерација. Мултивидската борбена групација која е распоредена на полуостровот може да одбие секаков напад на Крим, без оглед дали доаѓа од копно, од море или од воздух. Во крајна мера, оваа групација може во услови на голема надмоќ на непријателот во жива сила и во материјално-технички средства да даде исклучително жилав отпор и да го „забави“ неговото напредување дури не пристигне адекватно зајакнување од длабочината на руската територија. Носачот на авион кој не може да се потопи (мошне често во геостратешката терминологија се користи овој израз за Крим) во претходниот период имаше еден голем проблем, а тоа е непостоење на копнена врска со длабочината на руската територија, што во голема мера ја усложнуваше неговата евентуална одбрана. Со изградбата на Кримскиот мост, овие проблеми во целост се елиминирани зашто е обезбедена „артерија“ со голема моќ на пропуштање, што овој дел од Руската Федерација го прави теорија што не може да се освои.

Прочитајте уште: Дали ударна поморско-десантнa групa на ВМ на САД е закана за руската енклава во Калининград?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња