Дел од железничкиот приод до Кримскиот мост ќе биде преместен поради античка вила

most.life

Железничкиот приод до Кримскиот мост ќе биде коригиран на делницата во околината на градот Керч за да се зачува античката градба што ја пронајдоа археолозите, објави инфо-центарот „Кримски мост”.

Се наведува дека ова поместување нема да влијае на рокот на завршување на приодот долг 18 километри. Како што е и планирано, приодот ќе биде пуштен во сообраќај во декември 2019 година, во исто време кога и железничкиот дел на мостот. „Ние ја познаваме и почитуваме историјата, свесни сме во каков регион работиме и затоа прашањето за зачувување на културното наследство е приоритет”, изјави заменик-генералниот директор за инфраструктурни проекти на компанијата „Стројгазмонтаж” Леонид Риженкин. Според него, старата благородничка куќа и другите археолошки објекти значајни за науката се сочувани благодарение на соработката меѓу градителите и научниците. 

Инфо-центарот истакнува дека комплексот што го открија археолозите во зоната на изградба на железничкиот приод потекнува од времето од крајот на V до почетокот на III век п.н.е. Можно е овој комплекс да припаѓал на фамилија на претставници на владејачката династија на Босфорското кралство или на босфорски аристократ. Поместувањето на делот на пругата ќе им овозможи на научниците да извршат конзервација на населбата, да ја проучат и да ја зачуваат за потомците.

„Слична благородничка градба надвор од територијата на градот со ваква површина, сложености и во волку добра состојба не постои не само на територијата на Крим, туку ни во целиот црноморски регион“, изјави докторот на историски науки и шеф на одделението за теренски истражувања на Институтот за археологија на Руската академија на науки Александар Маслеников. Тој изјави дека споменикот се наоѓа на Керченскиот полуостров, на западот на Босфорското кралство. Според него, градбата е единствена според „многу високото ниво на градежната вештина“.

Масленик додаде дека „оној кој го градел овој имот имал големи материјални можности”. Според него, можно е да се работи за член на владејачкото кралско семејство „или за самиот владетел на Босфорското кралство“.

Прочитајте повеќе: Подигнати сите пилони и на железничката делница на Кримскиот мост

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња