Зошто изградбата на величествениот Кримски мост толку ги разбесни Американците?

Слободан Ѓукиќ
Портпаролот на американскиот Стејт депармент во момент на очигледна иритираност даде изјава во која ги откри вистинските причини зошто на Соединетите Американски Држави толку им пречи Кримскиот мост. Тие во главата мислат само на поморски борбени групи и нуклеарни носачи на авиони, одговара Москва.

Новинарот на телевизискиот канала RT Александар Гурнов даде коментар на изјавата на портпаролот на американскиот Стејт департмент Хедер Ноерт која неодамна ја даде по повод пуштањето во функција на величествениот Кримски мост. Имено, таа напомена дека изградбата на мостот на Крим ја отежнува пловидбата во овој дел на светот, особено кога се во прашање бродови со поголем депласман кои треба да минуваат низ Керченскиот теснец.

Според мислењето на Гурнов, Американците особено ги налутило тоа што Кримскиот мост не дозволува под него да минуваат бродови со големина на носач на авиони. Дека госпоѓата Хедер, кога зборуваше за евентуалната опструкција на пловидбата во Керченскиот премин, на ум ги имала само американските носачи на авиони, потврдува и реакцијата на Александар Гурнов на таа нејзина изјава.

„Што се однесува до нашиот мост, единствено површински брод со големина на американски носач на авиони не може да помине под него. Тоа е повеќе од очигледно и тоа можат да го потврдат стручњаците кои се овде со нас. Значи, носачи на авиони одовде нема да поминат“, истакна Гурнов во емисијата „Погрес“ која се емитува на ТВ-каналот „Ѕвезда“.

Кримскиот мост претставува во градежна смисла вистински колос кој ги поврзува Керч и Кримскиот полусотров преку Керченскиот теснец. Според сите елементи се работи за еден од најдолгите мостови на светот и најдолгиот мост во Европа. Мостот има лачна конструкција со распон на секој поединечен лак од 227 метри. Вкупната должина на мостот е речиси 19 км, максималната висина на конструкцијата е 80 метри, а висината на сообраќајните ленти во однос на нивото на морето е 35 метри. Трошоците за изградба на мостот се проценети на околу 3,5 милијарди евра, а самата негова изградба е завршена во рекорден рок благодарение на неверојатната пожртвуваност на градежниците.

Прочитајте повеќе: Кримскиот мост се појави на Google Maps

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња