Козаците се обединија во Серуско козачко друштво и сега е тоа војска од 200 илјади луѓе!

Reuters

На основачката седница во храмот „Христос Спасител“ во Москва едногласно е одобрено создавање на Серуско козачко друштво, во кое влегуваат претставници на единаесет војнички козачки здруженија, козаците од Крим и Севастопол, претставници на Сојузот на козачката младина и Руската православна црква. 

Околу 500 делегати гласаа за создавање на друштвото и ги утврдија неговиот статут и структура. Одлуката е поздравена со козачкиот повик „љубо“, пренесуваат медиумите. 

„Со овој важен настан ја пишуваме новата историјата на целото руско козаштво. Со обединувањето на сите наши воени единици добиваме козачка војска од околу 200 илјади луѓе“, изјави шефот на Федералната агенција за прашања на националностите Игор Баринов.

Со серуското козачкот друштво ќе управува совет од 43 члена и атаман кого на секои 6 години ќе го бира претседателот на Русија.

Погледнете го видеото: Спартанскиот живот на модерните Козаци

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња