За македонски превод притиснете „СС“
Козачкото село Александровскаја тешко дека ќе го најдете дури и на најдобрите географски карти. Во 60-тите години на минатиот век беше приклучено кон градот Ростов на Дон (1000 км јужно од Москва). Во тоа време бројот на Козаците бил околу 13 илјади. Во 1991 година, на селото Александровскаја му е вратен првобитниот статус на засебен ентитет.
Денес во селото живеат вистински Козачки одред, а со него, како што и доликува, и волонтерска стража која го варди селото. Машките жители, стари и млади, мајсторски владеат со меч и камшик. Децата ги запознаваат со козачката култура уште од мали и ги учат на нивните вештини во спортските школи.
Менталитетот на овие луѓе е тешко да се измени, тие го носат духот на слободата со векови.
Впрочем Козак значи слободен! Тие се родени воини и борци за својата слобода. Дури и кога селото го нема на карта, тие продолжуваат да живеат со својот начин на живот, со својата верба во војувањето, со руската православна вера и секако со „руската идеја“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.