„Една од задачите ќе биде давање помош околу враќањето во Русија на оние кои во минатото ја напуштиле. Тоа е огромна работа“, изјави Долуда.
Повратниците можат да сметаат на поддршка околу пронаоѓањето на стан, добивање на државјанство и други документи.
„Ние и денес не ги прекинуваме врските со оние чии предци заминаа во странство. Ние и понатаму сме во контакт со кубањските козачки војски во странство, во Америка“, изјави Николај Долуда, нагласувајќи дека кубањски козаци одржуваат врски со друштвата во Србија, Грција и други земји.
Како што се истакнува, прашањето за создавање обединета серуска козачка војска треба да биде решено до крајот на 2018 година, на вториот Голем руски козачки круг.
Голем бран Козаци емигрираше во странство по Октомвриската револуција и Граѓанската војна, кога голем број Козаци застанаа на страната на „белите“.
На првиот Голем круг на Козаците на Русија, раководителот на Федералната агенција за национална прашања Игор Баринов изјави дека руските Козаци првпат во историјата ќе основаат Серуско козачко друштво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче