Авторите на статијата сметаат дека жената во Русија е принудена да биде силна, додавајќи дека за ова прашање постојат различни ставови. Според нивното мислење, јасно е само едно: дека условите за живот во Русија не се едноставни.
Руските мажи, според тврдењето на авторите на текстот, лесно паѓаат духом и бараат утеха во алкохолот и тутунот, додека жените се борат за својот успех. А здравиот начин на живот, кој е карактеристичен за Русинките, им овозможува да бидат силни, се наведува во статијата.
Притоа жените во Русија отсекогаш успевале успешно да балансираат меѓу работата и домашните обврски, смета магазинот. Освен тоа, тие ги почитуваат традицијата и семејните вредности, се борат за своите права, а исто така го бранат она што е важно за семејството, што ги прави толку силни личности.
Нема сомнеж дека Русинките не успеваат секогаш лесно да се изборат со животните тешкотии. Но, сепак мора да се признае дека тенденцијата е очигледна: Русинките во својата борба се непоколебливи и ги решаваат проблемите самопожртвувано, заклучува Eurasisches Mаgazin.
Претходно шведската новинарка Елин Јонсон во текст за шведската телевизија SVT ги нарече руските мажи „слаби“, изјавувајќи дека на мажите во Русија, кои поради историјата на земјата се „осакатени” и „ослабени”, често им се гледа низ прсти за многу нешта кои на жените не им се проштеваат така лесно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче