Архитекти на реномирана светска компанија градат град на иднината во близина на Москва (фотографии)

Zaha Hadid Architects

Архитектонското и дизајнерско биро Zaha Hadid Architects објави фотографии од својот нов проект кој ќе го реализира заедно со руската архитектонска компанија ТПО „Прајд”.

Планот е да се подигне нов паметен град „Рубљово-Архангелско” на западниот крај на Москва. Оваа приградска населба ќе може да прими околу 66000 жители. Ќе бидат изградени училишта, здравствени установи, сообраќајна инфраструктура и трговски центри. Предвидени се и 800000 квадратни метри деловен простор.

Според проектниот директор од компанијата Zaha Hadid Architects Христос Пасас, паметниот град ќе биде дизајниран во склад со човековите потреби.

„Градиме заедница која ги интегрира природните аспекти на постојната локација со принципите на отвореност и инклузивност на висококвалитетната архитектура на 21 век“, вели Пасас.

Прочитајте повеќе: Архитектонско чудо! Погледнете како ќе изгледа новата концертна сала во Екатеринбург

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња