Архитектонско чудо! Погледнете како ќе изгледа новата концертна сала во Екатеринбург

Zaha Hadid Architects

Меѓународно признатото архитектонско биро Zaha Hadid Architects победи на тендерот за изградба на новата концертна сала на Свердловската филхармонија во Екатеринбург.

Како инспирација за иновативниот дизајн послужија звучните бранови, а салата ќе има неповторлива во светот акустика, сала за симфониски и камерен оркестар и пространо фоаје. 

Екатеринбуршкиот оркестар, кој соработува со многу светски музички ѕвезди и настапува ширум светот, е една од најугледните институции на класичната музика во Русија. Салата на оркестарот изградена 1936 година стана претесна за сѐ поголемиот број на публика.

Меѓутоа, и старата сала ќе биде зачувана како „интегрален дел на новиот простор од светска клас, кој ќе биде една од главните точки на културниот живот на градот“, изјавија од бирото Zaha Hadid Architects.

Новата концертна сала ќе биде изградена покрај шармантниот градски парк „Вајнер“, во близина на прекрасната црква „Сите Светци“, која стои на местото каде што се стрелани последниот руски цар Николај II и неговото семејство.

И покрај модерниот дизајн, архитектите велат дека салата одлично ќе се вклопи во опкружувањето.

Студиото на Заха Хадид претходно проектираше во Русија две згради: деловниот центар Dominion Tower во Москва и вилата на рускиот бизнисмен Владислав Доронин во Москва.

Ѕирнете во куќата на рускиот Џејмс Бонд, како што Заха Хадид го нарекуваше Доронин.

Или погледнете како ќе изгледаат новите модерни згради во Новоросијск.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња