Седанот и лимузината на новата руска марка автомобили „Аурус“ спремни за европска премиера во Женева

Reuters

На Саемот на автомобили во Женев, една од најпрестижните манифестации од тој вид во светот, во март идната година ќе бидат претставени седанот и лимузината на новата руска марка автомобили „Аурус“.

Премиерата како важен настан на претстојната смотра на најновите достигнувања во автомобилската индустрија ја најави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.

„Со право може да се очекува дека премиерното претставување на автомобилите „Аурус“ напролет во Женева ќе биде голем настан“, изјави тој.

Автомобилите кои беа произведени во рамките на проектот „Кортеж“ со комерцијален назив „Аурус“ се распродадени уште во претпродажба. Како што директорот на индустрискиот партнер на проектот, руската фирма „Солерс“ Вадим Швецов неодамна „со гордост истакна, ни идната, ни наредната 2020 година нема да биде можно да се купат автомобилите „Аурус“.

Како што претходно беше пишувано, Министерството за индустрија и трговија на РФ работи на пронаоѓање локации за производство на возилата „Аурус“. А конечното решение треба да биде донесено до крајот на оваа година. Изборот, како што се очекува, би можел да падне на специјалната економска зона „Алабуга“ во Татарстан.

Светската премиера на автомобилите „Аурус“ се одржа кон крајот на август на Московскиот саем на автомобили, а на јавноста првпат ѝ беа претставени на инаугурацијата на претседателот на РФ во Кремљ на почетокот на мај оваа година. На развој на проектот на Единствената модуларна платформа на која се базирани автомобили од премиум класата седан, лимузина (класична и блиндирана), минибус, теренец и мотоцикл, Државниот научен центар НАМИ почна да работи кон крајот на 2012 година. Почетната цена на автомобилите ќе биде десет милиони рубли, што е поповолно од главните конкуренти „Бентли“ и „Ролс-Ројс“, а ќе можат да се набават во спектар на бои од црна до „Тифани“. Покрај тоа, со одбирање на пакет опрема е можна максимална персонификација на возилото.

Прочитајте повеќе: Германските медиуми за „Аурус“: Русија реши да им фрли ракавица на „Ролс-Ројс“, „Бентли“ и „Мајбах“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња