Новата лимузина на Путин „Аурус Сенат“ ја нарекоа „политичко оружје“ на Москва

WIXTRÖM PETER/ZUMAPRESS.com/Global Look Press

Претседателот на Русија Владимир Путин првпат допатува на самитот со претседателот на САД Доналд Трамп со новата лимузина од руско производство „Аурус Сенат“, која не само што одлично одговара за вакви прилики, туку може да биде и политичко оружје, пишуваат француските медиуми.

ТВ-канал BFM соопштува дека самитот во Хелсинки на рускиот и американскиот претседател изгледал како изложба на автомобили. Трамп пристигна на средбата во блиндираната „Кадилак“ лимузина по име „Ѕвер“, а Путин првпат се движеше во странство со официјалниот автомобил на рускиот претседател „Аурус Сенат“ кој, како што сметаат Французите, го користи како политичко оружје. Путин, според тие написи, ѝ се враќа на советската традиција: се движи со одличен автомобил направен во Русија и покажува дека Русија е индустриски напредна држава. 

Исто така се забележува дека возилото на Путин еден метар подолго од американскиот „Ѕвер“, па дури и полесно. Рускиот автомобил е тежок 6,5 тона, а „Кадилакот“ на Трамп 8 тони.

„Ѕверот“ на Трамп

„Дали новата студена војна ја водат сега „Ѕверот“ и „Сенатот“, се прашува BFM TV.

Прочитајте повеќе: „Кортеж“ против „Ѕверот“: „Њузвик“ ги спореди лимузините на претседателите на Русија и САД

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња