„Нема да боксуваме со него“, изјави Дејна Вајт, првиот човек на Ултимејт фајт шампионатот
Евентуалниот меч меѓу рускиот мајстор на мешани боречки вештини Хабиб Нурмагомедов и американскиот боксер Флојд Мејведер би бил одржан според правилата на ММА, рече Вајт.
„Ако Мејведер сака да се бори, нека дојде и нека се бори. Меѓутоа, ќе се бори во Ултимејт фајт шампионатот, а не според боксерските правила. Еднаш веќе имавме такво нешто и беше доволно“, изјави Вајт.
Првиот човек на UFC алудираше на борбата на американскиот борец со ирскиот борец во мешани боречки вештини (ММА) Конор Макгрегор кој се одржа во август минатата година во Лас Вегас. Мечот во кој тие двајцата се бореа за посебниот појас WBC Money Belt се одвиваше според боксерските правила, а победата ја однесе 12-кратниот боксерски шампион на светот Мејведер со технички нокаут во десеттата рунда.
Хабиб Нурмагомедов го победи Макгрегор на 7 октомври и така го одбрани шампионскиот појас на UFC во лесна категорија. Според пишувањето на медиумите, рускиот борец Хабиб Нурмагомедов изјави дека размислува за спортскиот комплекс „Лужники“ во Москва како место на одржување на мечот со американскиот боксер Флојд Мејведер. Тој на својот профил на „Инстаграм“ напиша дека разговарал за тоа со генералниот секретар на Боксерската федерација на Русија Умар Кремљов и дека е убеден дека дуелот би собрал сто илјади гледачи и дека би била постигната и рекордна сума за правата за пренос на мечот. Хабиб Нурмагомедов го предизвика Мејведер на борба кон средината на октомври. Американскиот боксер го прифати предизвикот и ги повика спонзорите да издвојат големи суми на пари. Инаку, и Нурмагомедов, и Мејведер немаат во кариерата ниту еден пораз. Рускиот борец победи во сите 27 мечеви, додека Американецот остана непобеден во вкупно 50 борби што ги водеше.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче