Мејведер подготвен за борба но според боксерски правила! Тајсон ќе го тренира Нурмагомедов?!

Флојд Мејведер

Флојд Мејведер

Gene Blevins/ZUMAPRESS.com/Global Look Press

Непобедливиот Флојд Мејведер (50 победи, 27 со нокаут) потврди дека е подготвен за борба со рускиот шампион во лесна категорија на UFC Хабиб Нурмагомедов, но само ако станува збор за борба според сите правила на боксот. На борба без правила боксерот не се согласува.

„Да, ќе се бориме“, го цитира Мејведер TMZ. „Јас сум сам свој газда. Не знам каква е ситуацијата кај Хабиб, но се согласувам. Бокс или ММА? Тој ме предизвика, редот е тој да дојде во мојот свет“, вели Мејведер.

На прашањето дали слушнал дека Нурмагомедов одбива да се бори со него во Лас Вегас, Мејведер одговара: „Се разбира, знам за тоа. Вегас е престолнината на борбите. Во Вегас борците мораат да се однесуваат професионално, како во рингот, така и надвор од рингот“, нагласи боксерот, мислејќи на масовната тепачка што се случи по борбата на Дагестанецот со Ирецот Конор Мекгрегор на 6 октомври. 

Абдулманап Нурмагомедов, татко и тренер на шампионот на UFC во лесна категорија смета дека неговиот син Хабиб има шанси против поранешниот шампион на светот во бокс во пет категории Американецот Флојд Мејведер.

„Хабиб ќе има шанси според правилата на боксот. Тие шанси ќе бидат поголеми од оние што ги имаше Мекгрегор (го изгуби бокс мечот против Мејведер – заб. на ред.). Хабиб ќе се бори во клинч“, вели Абдулманап. Тој исто така изрази желба тренери на Хабиб да бидат Украинецот Анатолиј Ломаченко, татко и тренер на двократниот шампион на светот Виталиј Ломаченко, и легендата на боксот Мајк Тајсон.

Таткото и тренер на Хабиб Нурмагомедов откри кои ривали мечтае да ги победи неговиот син

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња