Шампионот на турнирот UFC во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов имаше состанок со генералниот секретар на Боксерската федерација на Русија и разговараше за можноста бокс-мечот со непобедливиот Флојд Мејведер да се одржи во Москва.
„Разговаравме за мечот со Мејведер. Сакаме да се одржи во Москва на легендарната арена „Лужники“. Сигурен сум дека ќе собереме 100 илјади гледачи и ќе поставиме светски рекорд во продажба на правата на ТВ-пренос. И најважното: на рингот како тренер ќе може да се качи и татко ми. За Москва не му треба виза“, напиша Хабиб на „Инстаграм“.
Абдулманап Нурмагомедов не можеше да присуствува на борбата меѓу Хабиб и Конор Мекгрегор затоа што САД не му издадоа виза. Хабиб одби бокс-мечот со Мејведер да се одржи во Лас Вегас.
Непобедливиот Мејведер (50 победи, 27 со нокаут) потврди дека е подготвен за борба со рускиот шампион во лесна категорија на турнирот UFC Хабиб Нурмагомедов но само доколку станува збор за борба според сите правила на боксот. На борба без правила боксерот не се согласува.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче