Козаците го камшикуваа Стивен Сигал и го примија во своите редови

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Американскиот актер Стивен Сигал во текот на посетата на Краснодар го прогласија за козак. Церемонија се одржа во градскиот ресторан на главниот град на Кубањ.

Стивен Сигал во козачка наметка наречена бурка беше удрен неколку пати со камшик, а потоа му врачија козачки боздоган наречен булава, го попрскаа со света водичка, по што тој на крај мораше да посади дрво.   

Познатиот американски актер, руски и српски државјанин, близок пријател на рускиот претседател и руски специјален претставник за прашања на хуманитарните односи со САД во моментов е гостин на бизнис форумот во Краснодар.

Прочитајте повеќе: Стивен Сигал на помош: Дали на Русија и Америка им треба „дипломатско аикидо“?