Стивен Сигал на помош: Дали на Русија и Америка им треба „дипломатско аикидо“?

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова во друштво на Стивен Сигал.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова во друштво на Стивен Сигал.

Марија Захарова
На познатиот американски глумец од акционите филмови, но и руси државјанин и близок пријател на рускиот претседател му е дадена задача да се обиде да ги подобри затегнатите односи помеѓу Русија и САД. Што мисли руската и западната јавност за ова?

На шести август во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација изјавија дека Стивен Сигал е новиот руски специјален претставник за прашањата за хуманитарните односи со Соединетите Американски Држави. Да, токму тој. Холивудска ѕвезда, музичар, мајстор на аикидо и пријател на Путин.

Сигал, наводно, ќе придонесува за билатералната соработка во сферата на култура, уметноста, науката, образованието, спортот и ќе одржува контакти со американските партнери.

Глумецот исто така ќе биде задолжен за заштита на руските спомен обележја во Америка и ќе го промовира руско-американското културно и историско наследство.

И покрај тоа што новата „улога“ нема да биде платена, Сигал е презадоволен. Тој всушност неколку години работеше на подобрување на односите помеѓу Русија и САД, а сега тоа може да продолжи да го прави на официјално ниво.

„Се надевам дека ќе работиме на тоа во светот да има мир, хармонија и дека ќе постигнеме добри резултати. Голема е честа да се има ваква функција и се однесувам мошне сериозно кон задачата која ми е доверена“, напиша глумецот на Твитер.

Од Холивуд во Русија

Глумецот со руско потекло е роден во Мичиген и доби државјанство на Руската Федерација во 2016 година. Рускиот пасош лично му го врачи Владимир Путин. Стивен Сигал во повеќе наврати јавно зборуваше дека рускиот претседател е еден од најголемите лидери на денешницата и ја бранеше Русија кога западните политичари и медиуми се обидоа да ја обвинат за мешање во американските претседателски избори.

„Мислам дека мнозинството луѓе во Америка и во Русија сакаат да се дружат. Ние сме си потребни едни на други. Русија и Америка мораат да бидат сојузници. Така треба да биде“, изјави Сигал во 2017 година.

Владимир Путин и Стивен Сигал на состанок во Кремљ во 2016.

Тој не престојува постојано во Русија, но редовно ја посетува. Во 2013 година се сретна со чеченскиот лидер Рамазан Кадиров, присуствуваше на Шарадата на победата и на Источниот економски форум 2015, како и на последната инаугурација на Путин и на Парадата на победата 2018. Еден е од организаторите на борбите без правила во Русија под назив ЖАРА Fight Show.

Како реагираше јавноста

Сигал има канцеларија во Министерството за надворешни работи на РФ?! Оваа вест предизвика големи јавни дебати. Западните експерти, како што е поранешниот амбасадор на САД во Москва Стивен Мекфол ова го нарече „потег на очај на руската политика“, но претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата на РФ за меѓународни прашања Константин Косачов вели дека одлуката е оправдана.

„Русија покажува дека прави колку што може за руско-американските односи да не дојдат до неповрат“, вели тој. „Исто така сакаме во настанатата ситуација да го активираме јавното мислење во Америка, оние луѓе кои не се заинтересирани за понатамошна деградација на односите и оние кои поради тоа ќе трпат“.

Корисниците на социјалните мрежи во голема мера се скептични и саркастични. Луѓето од Запад се обидуваат да смислат уште која ѕвезда би можела да ги подобри руско-американските односи на највисоко ниво. Можеби Чак Норис ќе помогне во трговската војна со Кина?

Русите, од друга страна, на шега претпоставуваат дека Московскиот државен институт за меѓународни односи може слободно да се затвори. Холивуд, очигледно, дава поголеми стручњаци за дипломатија.

„Ако не успее да се договори, барем ќе знае да даде по муцка!“

„Стивен Сигал специјален претставник на МНР на РФ за мачење“.

„Лавров на Сигал: Ќе работиме според принципот добар дипломат – лош дипломат“.

Прочитајте уште: Актерот Стивен Сигал доби руско државјанство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња