Стивен Сигал сака да биде губернатор на рускиот Приморски крај

Reuters

Холивускиот актер и специјален претставник на Министерството за надворешни работи на Русија за руско-американски односи во хуманистичката сфера Стивен Сигал на средба со публиката на Меѓународниот филмски фестивал на земјите од Тихоокеанскиот прстен „Меридијани на Тихиот“ во Владивосток изјави дека би сакал да стане губернатор на рускиот Приморски крај.

„Би сакал да се запознам со Приморскиот крај, можеби да видам и дознам повеќе и да станам ваш губернатор“, рече Сигал, одговарајќи на прашањето на еден од гледачите за тоа дали би сакал да биде губернатор на Приморскиот крај.

Врз основа на руското федерално законодавство и изборниот закон на Приморскиот крај граѓаните на Руската Федерација кои имаат државјанство на друга земја или дозвола за престој или некој друг документ кој им дава право на постојан престој на територијата на странска земја, не можат да станат губернатори. Сигал освен руско има и државјанство на САД по раѓање, а државјанство на Србија доби во јануари 2016 година.

Прочитајте повеќе: Стивен Сигал на помош: Дали на Русија и Америка им треба „дипломатско аикидо“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња