Викендаш по две недели талкање низ сибирската тајга најде пат до населено место

Global Look Press

Шееесетипетгодишниот маж кој се изгубил во околината на сибирскиот град Краснојарск и две недели талкал по тајгата и јадел трева, конечно вчера нашол пат до населено место, изјавија од управата на МВР за Краснојарскиот за агенцијата РИА „Новости“.

Мажот заминал во викендичката таму да го помине својот одмор и со себе повел пес од расата бултериер. Некаде околу 2-3 октомври престанува секоја комуникација со него, по што неговата сопруга на 6 октомври се обратила за помош до полицијата. Мажот го барале волонтери, полицијата, спасувачи, нуркачи. Во потрагата биле користени квадрокоптери со термовизор и квадроцикли. Имало денови кога во акцијата биле вклучени преку сто луѓе, а пребарани се вкупно 124 километри тајга.

Во Железногорск полицијата, спасувачите и волонтерите 14 дена го бараа исчезнатиот жител на населбата Подгорни. 65-годишниот маж заедно со својот пес вчера конечно дојде до селото Мал Кускун во Улјаровскиот реон. Роднините го одвезоа дома, а неговиот живот и здравјето не се загрозени, рече соговорникот на агенцијата. Како што велат од ресорот, мажот што се изгубил јадел трева и она што го имал при себе. Во моментов се наоѓа дома со семејството, а полицијата сѐ уште нема земено изјава за неговото исчезнување.

Прочитајте повеќе:  „Шумски човек“: Живот во куќа среде тајга на државна служба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња