Необичен случај од руската тајга: Мечка нападна момчиња па случајно ги спаси

ZUMAPRESS.com/Global Look Press

Две момчиња од Кемеровската област (на 15 и 20 години) тргнаа во шумата да собираат див или мечкин лук (сремуш), но заталкаа. Се покажа дека телефоните во шумата изгубиле сигнал па не можеа ни да повикаат некого на помош.

Ситуацијата уште повеќе се искомплицира кога налетаа на мечка. Криејќи се од неа, се качија на дрво за да сфатат дека телефоните повторно им работат. Во потрага по момчињата тргна целиот локален полициски одред, ловци и волонтери. Меѓутоа, момчињата ја поминаа ноќта во крошната на дрвото и дури утрината излегоа од своето засолниште за да го најдат патот до блиското село.

Прочитајте како да се скроти мечка: искуството на едно руско семејство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња