Извидници од Зимбабве се загубија во сибирската тајга

Снајпер.

Снајпер.

RBTH
Тимот на воени извидници од Зимбабве го зазеде последното, седмо место во првата фаза од натпреварот што се одржа во Новосибирската област во рамките на „АрМИ-2017“.

Причината, како што соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија, е загубеното време во текот на забрзаниот марш на пошумен терен.

„Најтешката фаза за тимот е извидувањето во шума, затоа што во Зимбабве нема вакви шуми. Благодарение на натпреварот тимот има уникатна можност да се стекне со искуство во ориентирање на шумски терен“, истакнаа од министерството, пренесува „Лента.ру“.

Тимот од Зимбабве изјави дека има намера да го надомести испуштеното во преостанатите етапи од натпреварувањето. Шефот на групата, мајор Џастин Жоу истакна дека неговиот тим четири месеци се подготвувал дома.

Првата етапа се состоеше од десантирање од хеликоптер, забрзан марш на подрачјето на извршување на борбената мисија и организирање заседа со заробување на замислен противник. По завршувањето на етапата лидер е рускиот тим.

Натпреварот меѓу воените извидници ќе трае до 10 август. Ќе има натпреварување во гаѓање, изодување на „Патеката на извидувачот“ и други применети дисциплини.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња