Сликата е симболична
Global Look Press„Сите ми велат дека сум хероина, но јас така не се чувствувам, само сторив сѐ што можев“, изјави Карина Паришева.
Во трособен стан на третиот кат во солитер во Петропавловск Камчатски утринава избувна пожар. Пет деца – три комшиски дечиња и двајца свои помлади браќа, како и две мачки од станот ги спаси петнаесетгодишното девојче Карина Паришева, пренесуваат руските медиуми.
15-летняя Карина Парышева на Камчатке вывела пятерых детей из загоревшейся квартиры, девочку хотят представить к награде:https://t.co/dLKA7hhh4J
— ТАСС (@tass_agency) 15 October 2018
Фото: © ГУ МЧС России по Камчатскому краю pic.twitter.com/G3DrLio6Ew
Карина само поради сплет на среќни околности останала дома, затоа што првиот час во училиштето бил откажан. Седела и пишувала домашно додека браќата спиеле. Тогаш слушнала панично чукање на вратата пред која ја здогледала деветгодишната комшивка од станот отспротива. Успеала само да изусти „Кај нас има пожар, помогни“. Во комшискиот стан се запалил телевизорот, а кога Карина отрчала таму и без двоумење влегла, сѐ било во густ чад.
„И плафонот веќе се беше запалил. Децата ги најдов многу брзо, едното беше во кујната, другото во дневната соба од каде ги одвлеков сите тројца во својот стан. Таму сфатив дека огнот би можел многу брзо да се прошири, веднаш ги облеков и ги замотав во ќебиња, отидов во собата по своите браќа и нив ги замотав, им дадов двете мачки и кого можев зедов в раце, останатите ги фатив за рака и така излеговме во ходникот кој веќе беше полн со чад“, рече Карина.
Карина не заборавила да им даде на децата мокри крпи за да ги стават на уста и на нос. За жал, на себе заборавила, па добро се наголтала чад. Но таа за тоа немала време да размислува. На памет ѝ било само да не остане некое од децата, да се држат заедно и да успеат да се пробијат низ густиот чад и евакуираат. Вели дека не ѝ било тешко да остане присебна затоа што во училиштето ѝ набиле во глава како се постапува при пожар, а и родителите ја учеле.
Петнаесетгодишната Карина била најстарата, а останатите деца имале од две до девет години. Раководството на регионалното одделение на Министерството за вонредни состојби на РФ ќе му ја додели својата ресорна награда на ова храбро и присебно девојче.
Таа вели дека на социјалната мрежа „Вконтакте“ ја нарекуваат хероина, но дека таа не се чувствува така и дека секој друг би го сторил истото што и таа.
„Од мене зависеа животите на други луѓе и јас го сторив она што го можев“, објасни таа. Единствено малку ја боли главата и има несвестица, но тоа брзо ќе помине, тврди Карина, пренесува МК.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче