Девојче-херој од Башкирија спаси од пожар шест деца

Пожарникар на МВС на РФ.

Пожарникар на МВС на РФ.

mchs.gov.ru
Во башкирското село Мраково 11-годишно девојче спаси од запалена куќа шест деца – три родени браќа и сестри и уште три први братучеди и братучетки, соопшти Главната управа на Министерството за вонредни состојби на Русија за Башкирија.

Според информациите на МВС, пожарот настанал во понеделникот попладне. Кога пристигнале пожарникарите на местото на настанот покривот чадел. Како резултат на пожарот бил оштетен покривот на куќата и уништен дрвениот трем, се соопштува на сајтот на МВС.

При пожарот настрадала 32-годишна жена која била хоспитализирана со изгореници.

„Најстарото од децата, 11-годишно девојче, од куќата евакуираше во безбедна зона три родени браќа и сестри и три први братучеди и братучетки“, соопштува МВС, пренесува „Взгљад“.

15 минути по добивањето на известувањето, пожарот бил ликвидиран.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња