Фотограф спаси триесетина деца од пожарот во Кемерово со помош на еден реквизит

Xinhua/Максим Кисељов/Global Look Press
Фотограф од фирма која организира детски авантуристички игри спаси од пожарот во Кемерово околу триесетина деца.

Веста за тоа дека непознат човек од киното во пламен во трговскиот центар „Зимскаја вишња“ во Кемерово успеал да изведе триесетина деца се прошири по социјалните мрежи набрзо по несреќата, пишува „Комсомолскаја правда“.

Весникот го пронајде овој човек што се вика Евгениј „во штабот во кој се наоѓаат членовите на семејствата на повредените и загинати деца“.

Сведоците наведуваат дека тој извел од киносалата триесетина деца. Но овој човек од новинарите бараше да не пишуваат за него „како за херој“ и да не го наведуваат неговото презиме.

Евгениј работи како фотограф во организацијата која приредува детски авантуристички игри. Нивниот терен во трговскиот центар „Зимска вишња” беше најблиску до киното.

Евгениј меѓу првите го забележал пожарот и тргнал кон местото од каде што доаѓал чадот.

Меѓу реквизитите кои се користат за подготвување авантури за деца имало гас-маска. Ја ставил на глава и тргнал низ чадот. Така „играчката“ станала средство за спасување. Втората негова предност била во тоа што Жења инаку секојдневно работи со деца и знае како да ги собере и како брзо и ефикасно да ги изведе надвор. Ги повикал да се соберат околу него и сите заедно ги извел од салата во пламен, а потоа по скалилата до излезот во случај на опасност.

Евгениј во согласност со барањето на истражните органи не сакаше да изнесува детали за овој настан.

Министерството за вонредни состојби претходно соопшти дека телата на сите 64 загинати се пронајдени и дека нема исчезнати. Исто така е соопштено дека во Кемерово почнале погребувањата на настраданите.

Прочитајте повеќе: Путин за Кемерово: Кога ќе слушнеш колку луѓе загинале, не ти доаѓа да плачеш, туку да ридаш

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња