Жителка на Јарослављ, по занимање возач на тролејбус, 25-годишната Ана Насирова, успеа да спречи пожар во тролејбус по удар на гром. Таа го запре тролејбусот, ја отвори вратата за патниците и се здоби со тешка изгореница на ногата.
Инцидентот се случил на 15 јули. Насирова изјави дека тој ден немало дожд, сјаело сонце, но грмело. Според нејзините зборови, тролејбусот тргнал од станицата и поминал на семафор кога од кабината почнало да излегува чад.
Таа тогаш брзо го запрела тролејбусот и на допир го притиснала копчето за отворање на вратите. Во тролејбусот имало 15 патници. Нив ги извадила од возилото кондуктерката Наталија Багрова. Еден од патниците ѝ пристапил на Насирова со апарат за гаснење пожар и ѝ помогнал да се избори со огнот.
„Веројатно громот удрил во контактната мрежа, а не директно во тролејбусот. Поради скок на напонот се запалил оган во контролата на изолацијата и затоа имаше многу чад. Самиот инструмент експлодираше. Последиците ќе беа посериозни да не беше Ана Насирова“, изјави директорот на претпријатието „Јаргоелектротранс” Иљхам Худиев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче