Тој ден можеше за семејство Первухини да биде како и сите останати - живееја во мала куќа во селото Тетеревино, на околу 10 часа пат јужно од Москва, во насока на украинската граница. Во нивното скромно живеалиште немаше гас, но, пак, за сметка на тоа имаше многу деца - три момчиња и три девојчиња, кои требаше да бидат нахранети, затоа вечерта на 2 февруари нивната мајка заминала во шумата по дрва за шпоретот. За главна била назначена Јуља - девојче од 10 години.
Пожарот почнал неочекувано. Децата си играле во соседната соба, кога едно од момченце извикало: „Гориме!“ Не му поверувале веднаш, а кога отишле да проверуваат, се покажало дека половина куќа веќе е обземена од пламенот. „Во паниката помалите почнале да се кријат од чадот под креветите, а Јуља се обидела да го изгасне пожарот со вода“, раскажува за „Московски комсомолец“ нивната соселанка Татјана. Веќе било невозможно да се справи со таков оган, кој веќе го попречил излезот од куќата. Но Јуља не паничела.
Извор: Министерството за вонредни ситуација на Русија
„Сфаќајќи дека таа е одговорна за помалите деца, Јуља им рекла на браќата и сестрите да излезат од скривниците и да се соберат околу неа. Откако се уверила дека сите деца се присутни, Јуља го скршила прозорецот од собата. Потоа зела ќебе и јакна кои се наоѓале во близината и ги фрлила низ прозорецот“, соопштуваат од регионалната служба на Министерството за вонредни состојби. Девојчето за малку ќе се задушело од чадот, додека ги спуштало во дворот помалите браќа и сестри. И само што му го предала на соседот кој дотрчал на помош, последното дете, братот кој имал година и половина, девојчето ја изгубило свеста.
Како што објавија од Министерството за вонредни состојби, девојчето си дошло на себе веќе кај соседите. Тоа одново и одново ги пребројувало браќата и сестрите, за да биде сигурна дека никого не заборавила. Спасувајќи ги од огнот, Јулија добила труење од издувните гасови, па затоа требало да биде хоспитализирана. Но, лекарите велат дека со неа сè е во ред, а таа, пак не се смета за херој, ами само го сакала семејството и многу се плашела да не изгуби некој од своите блиски.
Огнот целосно го уништил нивниот дом, покуќнината и документите. Според првичните податоци причината за пожарот е дефект во електричната инсталација. Засега семејство Первухини привремено живеат кај роднини, а соселаните им помагаат со производи, облека и пари. Од селската администрација ветија дека ќе им помогнат со ново живеалиште.
Текстот на руски јазик на сајтот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче