Макгрегор изјави дека ја „доби битката“ против Нурмагомедов

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
По поразот во мечот против рускиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов за титулата шампион на UFC во лесна категорија Ирецот Конор Макгрегор изјави дека ја добил битката.

„Го изгубивме мечот, но ја добивме битката. Војната продолжува“, напиша Макгрегор на Твитерпренесува порталот vz.ru.

Претходно Конор на социјалните мрежи го коментарише резултатот од борбата со реплика од филмот „Терминатор“: „I'll be back“ („Ќе се вратам“).

По поразот ирскиот борец изрази желба за реванш. Американските медиуми пишуваа дека Макгрегор како „најсјајната ѕвезда на UFC“ во борбата за шампионската титула доживеа „навистина катастрофален пораз“.

Прочитајте повеќе: Борба и тепачка по борбата: Како Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Макгрегор