Руската војска повеќе нема да користи шапки-ушанки ниту пилотки

Иља Питалев/Sputnik
До јуни 2022 година војниците повеќе нема да добиваат волнени капи пилотки ни шапки-ушанки, се наведува во одлуката на руската влада.

Војниците ќе добиваат крзнени шапки со ширит, полковниците и генералите шапки од астраханско крзно со ширит, а капетаните прва класа и адмиралите на руската Воена морнарица ќе добиваат шапки од астраханско крзно без ширит, се наведува во одлуката објавена на официјалниот портал за правни информации.

Пилотките (војнички капи слични на титовките) во Руската империја се појавија 1913 година како капи на припадниците на авијациските и воздухопловните единици. На почетокот го носеа називот „перелетка” или „полетка”. Пилотот можеше да ја носи капата во џеб или под пазува, за по полетувањето да ја стави на глава место кожниот шлем.

Луѓе во пилотки на Денот на Победата во Москва

Кон крајот на 1915 година пилотката е воведена во воените школи, а се појави и во пешадијата. Во Вооружените сили на СССР пилотки носеа и мажите и жените. Во Вооружените сили на Руската Федерација се задржа носењето на пилотка со иста кокарда за армијата, морнарицата и авијацијата.

Ушанката во војската на СССР се појави на почетокот на 30-те години. Во моментов ушанките се носат со кокарди различни за армијата, авијацијата и морнарицата.

Прочитајте повеќе за тоа како се храни моќната руска армија: Десет јадења од воената кујна

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња