За ова постојат неколку причини, а претпоставката е дека руските глави се особено големи е сосема погрешна. Пред сè, таканаречената парадна фурашка е толку голема зашто е потребно повеќе место за двоглавиот орел или за која било друга ознака, кои во споредба со советската петокрака се многу поголеми.
Како второ, тоа е одлука на дизајнерот кој одговара за изгледот на воените униформи уште од 2008 година и оттогаш немало ниту една критика дека направил модерна, а не практична униформа. Згора на тоа, неговите зимски капи станаа мошне топли и удобни за суровите руски услови.
„Кој живее во ананас долу во морето?
Сунѓерот Боб Панталоновски!
Собира вода, полн е со дупки!
Сунѓерот Боб Панталоновски!“ – пее руски војник додека маршира. Но, зошто?
„Зашто борбата против лошите луѓе и соборувањето туѓи ракети не е сè што знаеме ние. Војниците имаат добро чувство за хумор и богата фантазија“, би ви рекол секој руски војник.
Се обложуваме дека не очекувавте да го видите ова во руска касарна:
Во Русија оваа блуза (до долги ракави или без нив, тенка или дебела) се нарекува тељнашка и за првпат се појавила во 19 век.
Според преданието, сите морнари на фрегатата „Генерал-Адмирал“ во 1868 година застанале пред великиот кнез и адмирал Константин Николаевич Романов во поткошули во риги купени некаде во Европа. На морнарите толку им се допаднале што кнезот во 1874 година го замолил императорот да потпише указ со кој блузите во риги ќе станат дел од постојаната униформа.
Руското Министерство за одбрана им дозволи на странците да служат во армијата доколку не се осудувани и добро знаат руски.
За да станете руски војник не ви е потребно државјанство, а по една година помината во армијата гарантирано станувате руски државјанин.
Одговорите на сите прашања во врска со воената служба можете да ги најдете на официјалниот сајт на Министерството за одбрана на Руската Федерација.
Да се надеваме дека е така!
Некои вооружени системи и опрема ги поседува само руската армија. На пример С-400 Триумф или С-500 Прометеј, првата борбена платформа на светот која може да одбие напад со хиперсонични ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче