Осум трикови на рускиот војник кои сигурно помагаат во секојдневниот живот

Денис Абрамов/Sputnik
Доколку не сте знаеле на кој начин женските влошки му го олеснуваат животот на вистинскиот маж и на кој оригинален начин се користат презервативите во руска касарна, оваа статија е за вас!

1. Женските влошки се идеални и како влошки за обувки. Ја впиваат влагата и го олеснуваат одењето и трчањето на долги релации.

2. Презервативите одлично ги штитат документите и телефонот од влага за време на врнежи или кога преминувате река.  

3. Штом еднаш ќе видите на „Јутјуб“ како се отвараат конзерви  без специјален нож, моментално преминувате во категоријата Рамбо.   

4. Фолија завиткана околу сијалица по некое време може да загрее цела просторија.

5. Доколку сте тргнале в шума без спреј против комарци, идеална е жалфијата. Најдете ја, запалете неколку ливчиња покрај шаторот и имајте пријатна ноќ.

6. Порцијата со храна е најдобро да ја врзете со коноп или врвки и да ја закачите на гранка. Инаку ќе ја изедат верверици и полски глувци додека спиете.

7. Рускиот војник зиме не се бричи кога ќе се разбуди, туку пред спиење. Така избегнува иритација на кожата од долг престој на мраз.

8. Доколку сакате да изладите матарка вжештена на сонце, замотајте ја во влажна крпа.

Прочитајте и десет познати вицови за руската армија

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња