„Два суперсонични стратешки ракетоносци Ту-160 „Бел лебед“ извршија прелет над неутралните води кои се наоѓаат во акваторијата на Баренцовото, Норвешкото и Северното море. Овие авиони беа следени од авиони-пресретнувачи МиГ-31“, истакнува Министерството за одбрана на Русија, пренесува интернет порталот РИА „Новости“.
Според руското Министерство за одбрана, целокупниот лет траел 14 часа и при неговото изведување е одработена и воздушно дополнување на гориво на бомбардерите од летечки „танкери“.
„На одделни делови од траекторијата ни се придружија и ловци Eurofighter Typhoon и F-16 од составот на ВВ на Велика Британија, кои притоа изведуваа операција на следење на нашите авиони“, напоменуваат од МО на РФ.
Оттаму појаснија дека во прашање се редовни задачи кои ги исполнуваат летечките екипажи на стратешките бомбардери со голем долет. Благодарение на нивниот огромен долет овие задачи се изведуваат практично над секоја точка на планетата. Неутралните води на Атлантскиот океан, Арктикот, Пацификот се поле на делување на руската стратешка авијација при што се исполнуваат Меѓународните норми за неповредливост на воздушниот простор на други земји.
Ту-160 спаѓа во најголемите летала во историјата на воената авијација. Се работи за суперсоничен бомбардер кој има променлива геометрија на крилата. Според својата тежина спаѓа во најтешките авиони на светот. Неговата максимална полетна маса достигнува 275 тони, додека капацитетот на неговиот склад за бомби во внатрешноста на трупот на авионот достигнува дури 45 тони убоен товар. За споредба, американските стратешки бомбардери во својот труп можат да понесат меѓу 22,7 тони (B-52) – 34,0 тони (B-1B). B-2 „Spirit“ има капацитет на внатрешните спремници до 27 они убоен товар. Покрај тоа, Ту-160 може да достигне максимална брзина од 2230 км/ч и да се искачи на висина од 21000 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче