Во текот на вежбите во Средоземното море, бродовите на руската Воена морнарица користеа длабински експлозивни полнења од системот РБУ-6000. Со помош на нив е одбиен „напад“ од подморници на конвенционален противник. Беше отворан оган и од системите АК-130 и АК-630 против воздушни и копнени цели.
Како што соопштува РИА „Новости“, поставените цели се успешно реализирани. Освен тоа, на вежбата се вршени и мерки и постапки за барање и следење на подморници.
„Таквите вежби се неопходни за да знаеме колку сме оспособени за употреба на новата опрема што е монтирана на бродовите“, ги пренесува агенцијата зборовите на началникот на штабот на морнаричката група која реализираше вежбата, капетан прва класа Андреј Солошин.
Овие големи маневри се вршени во периодот 1-8 септември. Во нив учествуваа 26 бродови, вклучувајќи и две подморници и 34 авиони на Воената морнарица и Воздушно-космичките сили на РФ. Тоа беа и првите такви вежби во Медитеранот за силите на современа Русија. На вежбите се вршеше и ракетирање од бродови, хеликоптери и авиони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче