Московјанин добива заканувачки повици откако „Сбербанк“ го искористи неговиот број во реклама

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

На Игнат Голдман, жител на Москва, му останува да се чуди откако „Сбербанк“ погрешно го искористи неговиот телефонски број во реклама која промовира парични трансакции меѓу водечката руска банка и банката „Тинкоф“.

Во објава на „Фејсбук“ Голдман вели дека како резултат добил околу 5000 рубли (70 долари) преку мобилни трансфери од десетици непознати лица, пред да ја блокира својата картичка за да спречи понатамошни трансакции. Тој, исто така, вели дека разни луѓе му ѕвонат, му се закануваат и го обвинуваат за измама.

Голдман планира да ја тужи „Сбербанк“ за повреда на неговата приватност и предизвикување стрес.

Прочитајте повеќе: Руски банки реализираа први трансакции преку блокчеин