Во Москва работи првата менувачница на криптовалути

Андреј Никеричев/Moskva Agency
„Сберкоин“ купува многу евтино, а продава скапо... За трансакција е потребно ваше лично присуство.

Првата криптоменувачница во Русија – „Сберкоин“ – е отворена во близина на Курската железничка станица. Кога се работи за криптовалути, компанијата сугерира дека вреди да се тргува само со биткоини, а заради сигурност на трансакцијата се бара лично присуство на клиентот. 

На 3 април еден биткоин во оваа менувачница чинеше 455 илјади рубли (6450 евра), додека компанијата плаќа еден биткоин 309 илјади рубли (4380 евра).

Според пишувањето на руските медиуми, компанијата планира да отвори уште неколку менувачници во московските трговски центри. Некои интернет корисници велат дека дизајнот на канцеларијата на „Сберкоин“ многу наликува на дизајнот на најголемата руска банка „Сбербанк“, која се огради од работата на криптоменувачницата.

Руските банки во моментов не менуваат криптовалути за вистински пари, но Државната Дума работи на нацрт-закон со кој би се променила таквата состојба на нештата.

Прочитајте повеќе: Путин наложи легализација на криптовалутите во Русија до 1 јули 2018 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња