Зошто некои Американци се решаваат за руско православие?

Getty Images
Во Америка има два-три милиони православни христијани (од вкупно 325 милиони жители). Меѓу нив многумина признаваат дека православието го примиле во руската црква каде ги привлекол темјанот и камбаните. Некои станале православни читајќи го Достоевски.

Патрик Мајорка од својата деветта година живеел во Тексас каде неговиот татко служел во американското воено воздухопловство. По службата семејството се преселило во соседна Оклахома каде тогаш имало само две или три православни цркви. Таму имало најмногу баптисти и нови протестанти. „Израснат сум како англикаец, а по учењето во една откачена протестантска школа станав агностик“, вели Патрик.

Храмoт на св. Андреј Стратилата, Руската православна црква.

За руската црква се заинтересирал кога почнал да учи руски јазик и руска историја, како и историјата на Рим. На крајот се заљубил во руската култура. „Како агностик чувствував дека само православната црква има потпора. Западот настанал со падот на западната Римска империја“.

Со електронска пошта до православие

Роберт Хегвуд

Овој случај не е единствен. Многумина Американци се обраќаат во православието „барајќи нешто потемелено, постаро, попроверено и подолговечно“, вели Роберт Хегвуд од Мисисипи.

Тој израснал во семејство на јужни баптисти, потоа веќе како младич станал методист, а во 21 година се приклучил на Харизматичното движење. Со православието се сретнал во 1995 година додека живеел во странство, на островчето Сајпан во северниот дел на Тихиот океан.

„Кога во 1995 година се вратив дома на одмор во Мисисипи дојдов во допир со тамошната православна црква чиј свештеник, на мое големо изненадување, ми раскажа како неговиот татко во Втората светска војна се борел на островот Сајпан“. Роберт од свештеникот зел неколку книги и часописи посветени на православието, меѓу кои и Житието на преподобен Серафим Саровски: „Тој бил таков христијанин каков што се надевав дека ќе можам да бидам. Тоа мора да е патот и друг пат не постои“.

Храмот св. Никола во Вашингтона, Православната црква во Америка.

Но, кога Роберт повторно се видел со свештеникот и изразил желба да премине во православие, тој го сослушал и со насмевка му одговорил: „Не, сѐ уште не е време“.

Оттогаш Роберт се обидувал да се поврзе со кој било азиски епископ на Сајпан, но таму немало никој. „На крајот се поврзав со свештеник од Токио кој зборуваше англиски. Неговиот епископ му дал благослов по пат на електронска пошта да ги изложи основите на православната вера. Оваа обука траеше над една година и бише потешка од сите школи што ги имам завршено“.

Сега Роберт чувствува благодарност што не бил веднаш примен во православието. Излегло дека оваа вера има многу поопсежна историја одошто мислел тој. Тука не е доволно само да се посетува храм како што прават баптистите. Тука човек сериозно мроа да се придржува на верата“.

Восхитен од Путин

Со него се сложува Дејвид Пети од Алтадена, Калифорнија: „Никој не пристапува во православната црква зашто бендот 'Утрински дух' има одличен гитарист“.

Дејвид Пети

Речиси секогаш постои едно прашање кое може да му помогне на човека да сфати кој ќе остане во црквата, а кој нема: „Сакаш да првериш дали се вклопува црквата во твоите претстави или дали ти се вклопуваш во црквата?“ Според Дејвид луѓето кои се вклопуваат во црквата остануваат во неа, а сите останати мислат дека таа е премногу уредена, структурирана, непоколеблива и бескомпромисна. „Дури и кога целосно се сложуваат со сите постулати на црквата, тие сепак заминуваат, зашто таа не е доволно 'забавна' за нив“, вели Дејвид.

Тој го примил православието во 2007 година кога бил во затвор веќе 10 години, а осуден е на 15. Претходно Дејвид не верувал во ништо. Тој и неговите родители биле атеисти и ја мразеле Русија. Дедото на Дејвид конструирал ракетни акцелератори за американската влада. „Првите три генерации на моето семејство, а и понатаму се, професионални и лични противници на Кремљ на сите фронтови“, вели тој. Но, во затворот тој почувствувал дека има „руско срце“.

Велигден оваа година.. Читање Псалтир во храм

„Открив дека омилен композитор ми е Чајковски, дека омилен писател ми е Солженицин. Толстој, Достоевски и Шолохов пишувале со чисто срце. Тогаш во мене нешто се преврти и се запрашав: 'Која е главната црква во Русија?'“, раскажува тој. Во затворот за првпат го одгледал „Христовите страдања“ по што почнал да ја чита Библијата и да се моли, а потоа му се јавила Пресвета Боргородица.

Штом излегол на слобода, Дејвид веднаш отишол во православен храм. Забележал дека во храмот во најголем дел доаѓаат Русинки и дека речиси сите се омажени за Американци. „Русите и Американците добро се сложуваат во нашата црква. Ретко кога сме 'доста блиски' (а, можеби никогаш и не сме), но добро се сложуваме“, вели тој. Во парохијата на Роберт главно доаѓаат новообратени Американци со деца (во поголем дел од случаите тоа е прва генерација родени православци). Доаѓаат заедно со сириски, либански, украински, ерменски и романски семејства. Тука православните парохии се развивале полека, но сигурно.

„Многу американски неофити се воодушевени од (рускиот претседател) Владимир Путин“, вели Роберт. „Тие малку завидуваат на насоката по која се движи Русија во заштита на христијанската цивилизација и на христијанските доблести во јавниот живот. Кај нив илјадници луѓе одат на литија со светиот крст и со икони, а ние мораме да трпиме нова, дречлива и често непристојна геј-парада“.

Навистина, православната вера се шири само на конзервативниот американски југ и југозапад. „Старите емигрантски градови на североисток и на средниот запад многу деградирале. Многу млади заминуваат и никогаш не се враќаат. За тоа веројатно придонесуваат либералните сфаќања и отсуството на вера во тој регион.

„Единствено што знам е дека во регионот во кој живеам, и покрај нашите недостатоци, слабости и сегашната малобројност, сепак растеме и нѐ има сѐ повеќе иако процентуално не изгледа така“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња