Најновиот противвоздушен ракетен систем „Сосна“ ќе влезе во оперативна употреба во најскоро време, изјави директорот на „Конструкторското биро за прецизна механика „Нуделман“ Валериј Макеев.
На штотуку отворената меѓународна воено-техничка изложба „Армија-2018“ во Подмосковје првпат беше прикажан системот „Сосна“. Монтиран е на шасијата на гасеничниот оклопен транспортер МТ-ЛБ.
Во овој момент во тек се подготовки за почеток на сериското производство на овој ПВО-систем, истакна Макеев. Главниот конструктор Владимир Уклеев напомена дека системот „Сосна“ може да се користи во секоја доба на денот и сите метеоролошки услови, стациониран и во движење. Системот е направен според модуларен принцип.
„Сосна“ може да се постави и на гасенична и на шасија со тркала со носивост од 3,5 тони. Гаѓањето во движење се врши при брзина од 25 до 30 км/ч, рече конструкторот, истакнувајќи дека целата оптика е реализирана од домашни компоненти.
Автоматизираниот противвоздушен систем „Сосна“ е наменет за заштита на воените единици во сите аспекти на борба, вклучувајќи и марш, од средства за воздушен напад и извидување. Подеднакво е ефикасен во сите периоди на денот, во услови на ограничена видливост и евентуално присуство на природно и вештачко попречување. Благодарение на примената на автоматскиот високопрецизен оптоелектронски систем е обезбедена незабележливост и автоматизација на работата. Откривањето на целите може да биде автономно, со помош на оптоелектронскиот систем и во режим на надворешно маркирање. Гаѓа цели на растојание до 10 километри во далечина и 5 километри во висина. Екипажот го сочинуваат два члена. Вооружен е со 12 наведувани ракети „Сосна-Р“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче