Стивен Сигал регистриран во подмосковска општина како претприемач

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Актерот Стивен Сигал се регистрираше во даночната инспекција на подмосковски Електростаљ како самостоен претприемач кој ќе стекнува добивка со дејности во сферата на спортот, глумата и музиката, пренесуваат медиумите.

Меѓу дејностите на новопечениот руски претприемач е наведено и „снимање и објавување музички дела“. Агентот на Сигал Анар Рејнбад рече дека тој веќе има издадено два албума во блуз жанр, а планира да сними и трет.

„Во овој момент се насобра многу материјал, стотици снимени песни, па ќе видиме што би можело од тоа да се смести на новиот албум. Планови, се разбира, има, но тие не се предвидени за оваа година“, изјави тој.

Сигал е инаку подготвен да учествува на приватни корпоративни прослави како музичар или водител. Според Рејнбанд, актерот „има материјал за двочасовен концерт“. Меѓутоа, засега не е познато колку би можел да чини неговиот ангажман. Сѐ ќе зависи, како што наведе тој, од тоа каде би настапувал, кога, колку ќе трае тоа и колку напор би барало. Рејнбанд изјави дека овие активности нема да влијаат на новата општествено-политичка должност на Сигал во руското Министерство за надворешни работи.

Сигал на почетокот на август стана специјален претставник на руското МНР. Тој тогаш изјави дека е длабоко почестен со именувањето на местото специјален претставник на МНР на Русија за прашања на руско-американските односи во хуманистичката сфера и дека со години наназад неофицијално работел на подобрување на руско-американските односи. Сигал доби руски пасош во 2016 година.

Прочитајте повеќе: Стивен Сигал на помош: Дали на Русија и Америка им треба „дипломатско аикидо“?