Актерот Стивен Сигал доби руско државјанство

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за доделување руско државјанство на американскиот актер и продуцент Стивен Сигал.

„Да се прими во државјанство на Руската Федерација Сигал Стивен Фредерик, роден на 10 април 1952 година во Соединетите Американски Држави“, се вели во указот, објавен на сајтот на Кремљ.

Според зборовите на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Сигал поднесувал барања за државјанство „упорно и подолго време“.

„Тој е навистина познат по своите мошне топли чувства спрема нашата земја. Тој никогаш не го криел тоа, истовремено тој е мошне познат, знаете, актер“, истакна Песков, пренесува РИА „Новости“.

Сигал има престојувано повеќе пати во Русија, при што има изјавено дека му се допаѓа богатата руска култура. Тој исто така раскажа дека неговиот дедо по таткова линија е роден во еден од регионите на Русија, а потоа во првата половина на XX век се преселил во САД.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња