Резултат од операцијата во Сирија:Над 60000 руски војници и офицери стекнаа скапоцено воено искуство

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Уништувањето на крупните терористички или на тлото на Сирија не одеше само во полза на легитимната влада во Дамаск, туку и на руската армија која во овие три години стекна „дебело воено искуство“ што доведе до драматично унапредување на нејзиниот квалитет и целокупната борбена готовност.

„Вистинско воено искуство стекнаа повеќе од 63000 припадници на руската армија, од кои 434 генерали и околу 26000 офицери од различен ранг. Сириското боиште го поминаа највисоките офицери кои се наоѓаат на чело на воените окрузи, оперативно-стратешките групации на Копнените сили, но и на армиите во состав на руските Воздухопловни сили и составите на Противвоздушната одбрана“, објави Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесува информативниот портал „Интерфакс“.

Во Сирија се исчеличија сите команданти на дивизии, како и 95% од офицерите кои управуваат со здружени тактички единици со јачина на полк или бригада.

Според изворите на руското Министерство за одбрана „тест во реални борбени услови стекнаа 4349 специјалисти кои служат во единиците на Ракетните сили и артилеријата, 87% од екипажите на оперативно-тактичките ракетни системи, потоа 91% од екипажите кои служат во армиската и дури 97% од екипажите кои служат во единиците на воено-транспортната авијација. Околу 60% од екипажите кои служат во единиците на стратешката авијација исто така стекнаа скапоцено искуство во воените мисии“.

Потсетник

По барање на претседателот на Сирија Башар ел Асад, руските Воздушно-космички сили на 30 септември 2015 година почнаа операција во оваа земја со цел уништување на терористичките формации на „Исламската држава“ и „Џебхат ал Нусра“ кои, меѓу другото, се забранети на територијата на Руската Федерација.

Воено-територијалната ситуација во Сирија тие денови беше многу тешка и практично безнадежна кога е во прашање легитимната власт во оваа земја. Башар ел Асад со својата војска беше притеран на само 8% од територијата, додека речиси 90% беа надвор од негова контрола, каде главно беа терористичките групи, како и различни паравоени милиции формирани врз етнички и идеолошки принцип.

Министерството за одбрана на РФ ги соопшти резултатите од руската операција во Сирија која се оценува како исклучително успешна. Според тие извори, во содејство со руските Воздушно-космички сили сириската армија успеа да ослободи повеќе од 1400 населени места, што доведе до неверојатен пресврт во оваа војна. Повеќе од 96% територија се наоѓаат под контрола на сириската армија и одредите на локалните милиции. На само 3,5% се наоѓаат терористите (Идлиб) кои се означени како главна мета на руската операција почната 2015 година.

Началникот на штабот на руската војска во Сирија: Како го уништивме псевдокалифатот?