Во документот објавен на порталот за правни информации, Владимир Путин наложи да се установи медал во чест на „Изградбата на Кримскиот мост“, пренесуваат руските медиуми.
Медалот ќе биде со тркалезна форма, со пречник од шеесет и дебелина од пет милиметри, а ќе се кова од легура на бакар и никел. Ќе се врачува во име на рускиот претседател. Ќе го добиваат руски и странски граѓани и претпријатија за исклучителен придонес во изградбата на Кримскиот мост.
За изработка на медалите, капсулите, футролите, повелбите и фасциклите на Министерството за финансии од резервниот фонд на претседателот ќе бидат наменети 27,8 милиони рубли.
Кримскиот мост, долг 19 километри, е најголемиот мост во Русија. Вредноста на проектот изнесува 228,3 милијарди рубли. Претседателот на Русија Владимир Путин зад воланот на камион КамАЗ кој беше вклучен во овој градежен потфат свечено ја отвори друмската делница на мостот на 15 мај. Редовниот сообраќај за патнички автомобили и автобуси почна утредента. Изградбата на сложената железничка делница на мостот продолжува со несмален интензитет, додека друмската е завршена половина година пред рокот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче