Нов рекорд: Преку Кримскиот мост во неделата поминаа преку 32,4 илјади возила

most.life

Преку Кримскиот мост во неделата помина рекорден број на возила, повеќе од 32,4 илјади во двата правци, соопштува новинската агенција „Кримски мост“.

Во неделата на 5 август е забележан нов рекорд во интензитетот на сообраќај преку Кримскиот мост. Имено, за 24 часа преку мостот поминаа 32406 возила во двата правци, од тоа повеќе од 19 илјади во правец на Крим, пишуваат руските медиуми.

Рекорден број на возила (31511) претходно е забележан на 15 јули. Од почетокот на август преку Кримскиот мост дневно поминуваа преку 28 илјади возила, а од 16 мај поминаа вкупно преку 1,584 милиони автомобили и автобуси. Тоа е за 20% повеќе отколку што Керченскиот траект превезе во целата 2017 година, наведува агенцијата.

Претседателот на Русија Владимир Путин свечено го отвори сообраќајниот премин преку Керченскиот теснец на 15 мај седејќи зад воланот на камион КамАЗ кој учествуваше во изградбата на мостот. Друмската делница на најдолгиот мост во Русија (19 км) и во Европа беше пуштена во работа шест месеци пред предвидениот рок. Мостот кој го спои Крим со континенталниот дел на Русија беше отворен за редовен сообраќај на патнички возила и автобуси на 16 мај. Во текот на првиот час преку мостот поминаа илјада автомобили.

Прочитајте повеќе: Зошто изградбата на величествениот Кримски мост толку ги разбесни Американците?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња