Интересот за руските противвоздушни ракетни системи С-400 по нивно учество во воената операција во Сирија нагло порасна, изјави на воено-техничкиот форум „Армија-2018“ Алексеј Михеев, генерален директор на „Рособоронекспорт“, државната компанија за извоз на оружје.
„Постои навистина сериозен интерес на потенцијалните купувачи покажан после сите настани во Сирија, ќе видиме сега на форумот „Армија“, изјави тој. Неколку системи С-400 се распоредени на Блискиот Исток и тие ги штитат руските воени бази во сириските градови Тартус и Хмејмим. Турција потпиша со Русија договор за испорака на неколку дивизиони С-400, а испораката на овие ПВО-ПРО системи на Кина веќе почна.
Како што нагласи деновиве Дмитриј Шугаев, директорот на Федералната служба за военотехничка соработка, сите технички и комерцијални аспекти на договорот со Индија за испорака на системи С-400 и фрегати од проектот 11356 се веќе усогласени.
С-400 „Триумф“ е најновиот руски противвоздушен ракетен систем со голем дострел. Наменет е за уништување на авијација, крстосувачки и балистички ракети, вклучувајќи ги и оние со среден дострел, а делува и против објекти на земја. Дострелот на системот С-400 е 400 километри, може да уништува цели на висина до 30 километри.