Војната во Сирија: Руските инструктори радикално ја унапредија ефикасноста на сириската артилерија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Особено работевме на обуката на сириските екипажи да ги совладаат современите модели на тактика во употребата на артилеријата како што се мобилноста, брзината на преминување од маршовска во борбена позиција, техниките на маскирање и изработка на лажни огнени позиции. Сето тоа доведе до далеку помали загуби во жива сила и техника“.

Весникот РГ го пренесува текстот на руската информативна куќа „Краснаја Звезда“  која објави текст со полковникот Генадиј Шевченко, кој во текот на својот престој во Сирија учествуваше во бројни специјални операции на руската армија. Според него, благодарение на руските воени советници значително е намален бројот на вкупните борбени загуби на сириската армија.

Рускиот офицер посебно се осврна на големиот број на мини-стапици кои се употребуваат во Сирија, на лукавоста но и на инвентивноста на терористите. Овие мини причинија големи загуби кај провладините сили во текот на војната во Сирија. Исто така, и артилериските единици на САА беа мошне лошо користени, поточно нивната тактика беше надмината. Тие воопшто немаа обичај да ги менуваат своите огнени позиции во текот на дејствијата, така што стануваа лесен плен за непријателското „контрабатирање“ или нападите на терористичките мобилни групи.

„Ги научивме брзо да ги преместуваат своите огнени позиции, при што целата операција не надминуваше период од неколку минути. Покрај брзата трансформација од маршовска во огнена позиција и обратно, им пренесовме знаења околу адекватното маскирање, но и изработката на лажни имитации на огнени позиции. Сето тоа кумулативно делуваше за зголемување на ефикасноста на сириските артилериски состави, но и за значителни намалување на нивните загуби. Се разбира, постоеше и знаење кое сириските колеги им го пренесоа на нашите војници. Знаење кое е базирано на борбено искуство во реални, практични услови на војување“, истакнува полковникот Генадиј Шевченко.

За време на својот престој во Сирија 2016 година полковникот Генадиј Шевченко беше задолжен за организација на обезбедувањето на концертот на Симфонискиот оркестар на „Мариинскиот театар“ во Палмира. Сето тоа ќе беше во ред доколку на неколку километри воздушна линија од местото на одржување на концертот не се водеа жестоки борби. Благодарение на исклучителните мерки за безбедност кои се состоеја од три непробојни прстени со голем број ангажирани војници, концертот помина без никакви проблеми.

Прочитајте повеќе за сведоштвото на руски офицер од Сирија: Во оваа земја се соочивме со опаки мини