Ноќен судир кај Палмира: Сириската војска заедно со руските ВКС скрши напад на терористи

Над ова подрачје се особено активни ловците-бомбардери со голем домет Су-30СМ

Над ова подрачје се особено активни ловците-бомбардери со голем домет Су-30СМ

Сергеј Пивоваров/Sputnik
Поголема група терористи која во целина била моторизирана се обидела од подрачјето на населеното место Ал Танф да се пробие во правец на Палмира. Со успешно поставени заседни места во ридското подрачје Гураб оваа група е откриена и по краткотрајна борба во целост разбиена. Во борбите активна улога имала и руската авијација која инаку патролира во овој регион.

Во раните утрински часови (околу 03 часот) успешно е пресечен обид на еден моторизиран одред на терористите на тнр. Исламска држава од правец на населеното место Ал Танф преку пустината да упадне во Палмира. За овој настан јавноста ја известија службениците на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни кој дејствува во Сирија.

Поголема група терористи се обидела да се пробие низ ридскиот предел Гураб, но е забележана од страна на сириските војници кои се наоѓаат на однапред подготвени заседни места, соопштува руското Министерство за одбрана. Групата била со непозната јачина и се наоѓала на специјално преуредени пикап автомобили и мотоцикли.

Ноќниот судир бил жесток и краткотраен, а во него учествувала и авијацијата на Воздушно-космичките сили на руската армија. Со поддршка од авијацијата, сириските сили кои се наоѓале на заседните места успеале во целина да ја разбијат оваа група која набрзо се раштркала по околната пустина и отстапила во правец на населеното место Ал Танф кое инаку е под контрола на војската на САД (таму се наоѓа американска воена база). На местото на судирот останале телата на петмина терористи, уништени се еден пикап и еден мотоцикл. Загуби на страната на САА нема.

Сирискиот камп за бегалци „Рукбан“ се наоѓа во рамките на американската воена база во градот Ал Танф на крајниот југоисток на Сирија. Во него се наоѓаат стотици терористи кои побегнаа пред Сириската Арапска Армија од речиси цела Сирија, вклучувајќи ги и борците на тнр. Исламска држава чии единици неодамна претрпеа стратешки пораз на потегот Палмира-Деир ез Зор.

Инаку во овој камп владее катастрофална хуманитарна криза, затоа што американската војска едноставно не им дозволува пристап на меѓународните организации или групи за да им помогнат на тамошните луѓе кои се наоѓаат таму со своите семејства.

Прочитајте повеќе: Како ќе се одбрани Русија ако бидат нападнати нејзините пунктови во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња