Како руска фрегата ја откри најголемата американска подморница во Медитеранот?

Руската фрегата „Адмирал Есен“ во потера по американски подводен ракетоносец

Руската фрегата „Адмирал Есен“ во потера по американски подводен ракетоносец

Слободан Ѓукиќ
Фрегата на Црноморската флота кон крајот на април откри американска стратешка нуклеарна подморница од класата „Охајо“ која вплови во водите на Средоземното море. Руската фрегата „Адмирал Есен“ вооружена со специјална верзија на противподморнички ракети-торпеда „Калибар“ тргна во потера по „натрапникот“ и го спроведе до безбедна зона.

Инцидентот се случи во април 2018 година, а пошироката јавност дозна за тоа дури деновиве, наведува интернет порталот „Взгљад“. Посадата на руската фрегата ја открил трофејна „челична грдосија“ и ја натера да ја напушти зоната во која беа руски бродови. Целата операција траеше цели два часа.  

Кон средината на април во водите на Средоземното море вплови ударната поморска борбена група „Труман“, во чиј состав се најде носачот на авиони од класата „Нимиц“ – „Хари С. Труман“ со уште четири ракетни разурнувачи – „Арли Бурк“, „Балкли“, „Форест Шерман“ и „Фарагат“. Американските и британските медиуми пренесоа дека оваа група ја обезбедуваа и офанзивните подморници од класата „Вирџинија“ – УСС „Џон Ворнер“ и од класата „Охајо“ – УСС „Џорџија“. Некаде во тоа време во басенот на Средоземното море се наоѓаше и силна група на руските поморски сили во која беше и „специјалистот“ за откривање на непријателски подводни пловила – фрегатата „Адмирал Есен“. Се верува дека токму овој брод го открил присуството на американската подморница УСС „Џорџија“.

Поранешниот командант на бригадата противподморнички бродови на Северната флота, капетан трета класа Владимир Амбарцуман, изјави дека се работи за голем успех кога се откриваат подморници од одвој тип на отворено море. Откако американската подморница била откриена, руската посада цело време ја следела, не дозволувајќи ѝ да побегне. Тоа е веќе показател на исклучителна обученост, поточно „мајсторство“ кое го прикажаа руските морнари. Според него, фрегатата „Адмирал Есен“ поседува таква опрема што спаѓа во најмодерните борбени пловила кои се специјализирани за откривање на противнички подморници.  

Американската подморница од класата „Охајо“ припаѓа на стратешките нуклеарни подморници на Воената морнарица на САД. Според своите габарити, се работи за најголемата американска подморница која според тој показател е трета во светот зад советските/руски стратешки нуклеарни колоси од класата „Тајфун“ и „Бореј“.

Може да носи 24 интерконтинентални балистички ракети UGM-133 „Trident II“ со дострел од 12000 км или 150 тактички крстосувачки ракети „Томахавк“.

Фрегатата „Адмирал Есен“ освен со современа електронска опрема за детекција на површински бродови и подморници е вооружена и со крстосувачки ракети од класата „вода-земја“ „Калибар“ и ракетниот ПВО-систем „Штиљ-1“. Артилерискиот систем се состои од брзометен универзален топ А190 „Универзал“ со калибар 100 мм, како и два ротациски топа АК-630М. А190 „Универзал“ е способен за 60 секунди да истрела 80 гранати на далечина и до 21000 метри. Неговиот максимален вертикален дострел е 15000 метри, така што може да се употреби и како средство за ПА одбрана.

Во своето вооружување овој брод има и специјална противподморничка верзија на ракетата-торпедо „Калибар“ (91РЭ1 и 91РТЭ2) со калибар 533 мм, која може да пронајде и уништи подводна цел на далечина од 50 км од бродот.

Фрегатата е вториот изграден брод од проектот 11356 „Буревесник“ (НАТО Krivak V). Со својата должина од 125 метри неговиот вкупен депласман да достигне околу 4000 тони. Го движат два гасотурбински мотори кои можат да генерираат 2 х 30450 КС. Просечната сила на овие мотори при нормална пловидба е 8450 КС. Максималната брзина на фрегатата е 30 јазли. Вкупната далечина на пловидбата може да достигне 4850 наутички милји ако бродот плови со брзина од 14 јазли. Посадата ја сочинуваат 180 луѓе (18 офицери и 30 припадници на морнаричката пешадија со полна воена опрема). Интегрален дел е на 30 дивизија воени бродови која се наоѓа во состав на Црноморската флота.

Прочитајте повеќе: Путин: До крајот на годината морнарицата добива 26 бродови од кои 4 опремени со ракети „Калибар“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња