Вооружена до заби: Руската невидлива фрегата „Адмирал Горшков“

"Адмирал Горшков"

"Адмирал Горшков"

Youtube
Појавата на новата руска фрегата во вооружувањето на Воената морнарица не остана без одек на „запад“. Овој брод по многу нешта е посупериорен од нашите фрегати, а она што особено паѓа во очи е огнената моќ на овие пловила која е мошне поголема од онаа на нашите бродови, загрижено констатираат американските експерти.

Првата реакција на појавувањето на новата руска фрегата стаса од американскиот Интернет-портал „Бизнис инсајдер“ кој ги коментираше напредните карактеристики на радарската и на инфрацрвената невидливост што ги има овој брод направен од композитни материјали.

Должината на руската фрегата изнесува 135 метри, нејзината широчина е 16 мери, а газот 4.5 метри. Вкупниот депласман на фрегатата изнесува 5.400 тони. Погонската сила што ја генерираат турбините може да достигне 5.000 коњски сили, и тие му овозможуваат на бродот без дополнително полнење гориво да помине 4.500 наутички милји (секако ова се однесува на економичната маршевска брзина на пловење). Максималната брзина на бродот при форсажна работа на моторот достигнува 34 јазли (околу 65 километри на час). Изданието наведува дека руската фрегата за цели 2.000 тони го надминува депласманот на американските фрегати од класата „Фридом“ и „Индепенденс“.

Меѓутоа, западните експерти не се толку возбудени поради големината на руската фрегата, и нејзините технички способности од кои дел се на страната на бродовите од американско производство. Нив пред сè ги загрижува вооружувањето што ќе го носи овој брод, а кое е апсолутно супериорно во однос на американските конкуренти.

На пример, руската фрегата е опремена со брзометен тоб со калибар од 130 милиметри, додека од другата страна американските бродови имаат топови кои не надминуваат калибар од 57 милиметри.

Но, ниту артилериското оружје во овој случај не е толку важно, и не прави пресудна разлика како што тоа го прават ракетите. „Адмирал Горшков“ најверојатно во своето вооружување ќе има 16 суперсонични противбродски ракети „Оникс“ (може да се применат и конфигурации кои ќе бидат составени од шемата 8+8, односно 8 ракети „Оникс“ + 8 ракети КР „Калибр“). Но, оваа платформа во блиска перспектива може да стане носител на хиперсонично ракетно вооружување кое ќе биде направено врз база на ракетата „БрахМос“, што претставува нерешлив проблем за американската морнарица без оглед на видот и на специфичноста на бродот. Овие ракети според пишувањата на порталот „РГ“ ќе носат боева глава потешка од 300 киломаграми, а нејзиниот дострел ќе изнесува 350 километри.

Противвоздушната одбрана на фрегатата „Адмирал Горшков“ ќе биде составена од интеграција на поморскиот ракетен систем за ПВО „Полимент Редут“ кој во борбени вертикални лансери ќе има дури 128 ракети од различен вид и дострел. Фрегатата ќе има ефикасно оружје и за фронт кој се наоѓа под површината на водата.

Противподморничкиот ракетен комплекс „Медведка-2“ како и специјалната противподморничка верзија на ракетата „Калибр“ ќе биде главниот адут на бродот против непријателските подморници.

Руската фрегата ќе може да носи и неколку противподморнички хеликоптери Ка-27ПЛ, што дополнително ќе го заштити бродот од „морските џинови“ кои демнат во мрачните длабочини. Навистина, и американските бродови од класата „Фридом“ и „Индипенденс“ ќе можат да носат воздухопловни летала како што се хеликоптерите SH-60, Seahawk, но и беспилотни летала од типот MQ-8 Fire Scout.

Фрегатата „Адмирал Горшков“ ќе биде дел од Севермата флота на руската воена морнарица. Другата фрегата од истата класа која го носи името „Адмирал Касатонов“ се очекува да влезе во оперативниот состав на Северната флота следната година. Моментално во фаза на изградба се наоѓаат уште два брода од проектот 22350 – „Адмирал Головко“ и „Адмирал Исаков“ кои до 2021-2022 година треба да влезат во составот на воената морнарица на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња