Екипажите на руските системи С-400 соборија ракета „Кабан“ на вежбите на полигонот Капустин Јар

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Изведено е гаѓање на една од најсложените цели, ракетата „Кабан“, која се движеше со балистичка траекторија.

Екипажите на противвоздушните ракетни системи С-400 на единиците за ПВО-ПРО на Источниот воен округ успешно ја реализираа задачата и ги соборија сите мети на полигонот во Астраханската област.

Војската успешно ја реши оваа борбена задача и тоа на една од најсложените мети, ракета „Кабан“, која се движеше со балистичка траекторија. Наведените вежби претставуваат последна фаза од обуката на силите на Источниот воен округ за новите ПВО-ПРО системи С-400.

Припадниците на вооружените сили се запознаа со новите системи и принципите на нивно функционирање, за потоа да се подготват за превоз на техниката во базата на противвоздушната одбрана која е стационирана во Хабаровскиот крај, пренесува порталот на телевизиската станица „Ѕвезда“.

Прочитајте повеќе: Русија тестираше хиперсонична противбалистичка ракета која ќе ја засили воздушната одбрана на Москва