Русија тестираше хиперсонична противбалистичка ракета која ќе ја засили воздушната одбрана на Москва

Министерство за одбрана на Русија/screenshot/Sputnik
Оваа единствена хиперсонична ракета ќе може да уништува непријателски цели во вселената.

Во Московската област е тестирана нова ракета за противбалистичкиот систем А-135 „Амур” (кој Русите често го нарекуваат „пирамида”).

Оваа ракета би требало да ја замени застарената советска ракета ПРС-1, која влезе во употреба пред речиси 40 година (1979 година).

Ова е еден од најмоќните и најскапи противвоздушни одбранбени системи во Русија, проектиран да ја заштити Москва од потенцијален масовен воздушен и ракетен нуклеарен напад.

На противбалистичката ракета може да се постави нуклеарна боева глава, што значи дека само една ракета може да елиминира десетици воздушни мети во случај да ги совладаат другите одбранбени штитови на Москва.

Новата противбалистичка ракета е со иста големина и тежина како и нејзината претходничка. Главната разлика лежи во нејзината внатрешност: таа има мотори од нова генерација и технологија, како и нова радиоелектронска опрема која ѝ овозможува да лета со хиперсонична брзина (4 километри во секунда или околу 14500 километри на час). Новите уреди ја оспособуваат да ги пресретне сите постојни и потенцијални средства за воздушенг напад: интерконтинентални балистички ракети, крстосувачки ракети, бомбардери од петта генерација итн.   

Останатите информации за ракетата се доверливи. Независни извори претпоставуваат дека може да уништи цели на оддалеченост поголема од 800 километри и на висина од 5 до 70 километри (што всушност претставува дел од вселената). Новата боева глава има иста експлозивна сила како и старата советска нуклеарна глава: 10 килотони.

А тоа е само дел од поголемиот противбалистички штит на Москва.

 „Очите” и резервата на противбалистичкиот систем

 Податоците од радарите ширум земјата доаѓаат директно во командниот центар на руската престолнина и го предупредуваат за потенцијален воздушен напад.

 Тоа се вика систем за рано предупредување од балистичка закана и има радиус на дејствување од 6000 километри во сите правци. 

„Секој сигнал за рано предупредување е проследен до командата на противвоздушната одбрана и радарската станица „Дон-2Н“ во Московската област која го поддржува противбалистичкиот систем. Одлуката за тоа на кој начин ќе се ликвидира воздушната закана се донесува моментално”, објаснува воениот аналитичар на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин за Russia Beyond.

Според Литовкин, „Дон-2Н“ испраќа предупредување до сите противвоздушни единици во Московската области. Освен претходно споменатиот систем А-135 „Амур”, тоа се однесува и на системите С-400 „Триумф” и на ракетно-топовските системи „Панцир-С1”.

„Небото над Москва го чуваат и авиони „Сухој“ Су-30СМ, Су-35, „МиГ“-ови Миг-29 и Миг-31”, додава Литовкин. „Тие се стационирани во непосредна близина на Москва, како и во соседните региони“.

Прочитајте повеќе: Тестирано ново чудо од ракета: „Шило“ ја штити Русија од масовен нуклеарен удар

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња