Хакери во Русија исклучија медицинска опрема во текот на операција на мозокот на дете

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Ова не е сцена од некој трилер туку сурова стварност. Неврохирурзите во сибирскиот град Тјумен по хакерски напад беа принудени да оперираат 13-годишно девојче без електронската опрема.

„Тоа беше исклучително комплицирана операција на мозокот, а исклучени беа сите системи и уреди кои ја следат таа операција“, изјави директорот на банката „Сбербанк“ Герман Греф на меѓународната конференција посветена на сајбер-безбедноста. Тој дознал за инцидентот кога Тјуменскиот федерален центар за неврохирургија по хакерскиот напад се обратил до „Сбербанк“ и нејзините стручњаци за сајбер-безбедност.

Стручњаците на „Сбербанк“ велат дека хакерите примениле нов вирус по име Purgen. „Злосторниците бараа пари во замена за враќање на ИТ-системот во нормален режим“, објасни Греф. „Тие без двоумење ги уценуваат и другите клиники“.

Оваа ситуација можела да има трагичен исход, но операцијата сепак била успешно извршена.

Прочитајте повеќе: Кошмар за банкари и политичари: 4 познати руски хакери