Путин предлага бесплатни визи за роднините и пријателите на фудбалските навивачи

Виталиј Тимкив/Sputnik

Пријателите и роднините на странските фудбалски навивачи кои беа во Русија за Светското првенство по пријавувањето за навивачки легитимации (Fan ID) ќе можат да добијат бесплатни визи за да влезат во земјата, изјави претседателот на РФ Владимир Путин. Навивачките легитимации не само што им овозможија на носителите на легитимациите влез на стадионите, туку исто така го анулираа често долготрајниот процес за пријавување за виза.

„Им предложив на моите колеги да размислат за решението“, изјави Путин на 20 јули. „Ќе им дозволиме на носителите на Fan ID да доаѓаат без виза до крајот на годината, додека членовите на нивните семејства и пријателите што ги придружуваат исто така ќе можат да добијат бесплатни визи“.

Испитување на јавното мислење: 87% од гостите на Мундијалот сакаат повторно да ја посетат Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња