Испитување на јавното мислење: 87% од гостите на Мундијалот сакаат повторно да ја посетат Русија

Reuters

Испитувањето на јавното мислење што го спроведе Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР) покажа дека 87 отсто од странските навивачи, кои за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал престојуваа во 11 градови во Русија, сакаат повторно да ја посетат оваа земја, изјави извршниот директор на здружението Маја Ломаѕе.

„Многубројните гости на Мундијалот, особено од земјите кои не се премногу далеку, од европските и некои азиски, рекоа дека би сакале да дојдат повторно, а особено пријатно нѐ изненадија Французите“, рече таа.

Како што истакна Ломаѕе, 87 отсто од испитаниците изразиле желба повторно да ја посетат Русија. Таа се надева дека таквите резултати ветуваат поголем број на туристи во Русија.

„Ние веќе прогнозиравме дека протокот на туристи во 2019 година ќе се зголеми за дваесет отсто, но по завршениот Мундијал можеме да кажеме дека тоа беше многу претпазлива прогноза”, забележа Ломаѕе.

Претседателот на Русија Владимир Путин по финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал изјави дека странските навивачи ќе можат да влегуваат во Русија без виза до крајот на 2018 година. Ова се однесува на оние странци кои имаат навивачки легитимации. Првично беше предвидено безвизниот режим да важи за нив уште десет дена по завршувањето на Мундијалот.

Навивачката легитимација, инаку, овозможуваше бесплатно користење на јавниот превоз во градовите-домаќини на турнирот и железницата во меѓуградскиот сообраќај.

Светското првенство во фудбал, чија организација е оценета како најдобра во историјата, се одржа во периодот од 14 јуни до 15 јули на 12 прекрасни стадиони во 11 руски градови. На московскиот стадион „Лужники“ се одигра финалниот меч во кој Французите ја победија репрезентацијата на Хрватска со резултат 4:2 и станаа шампиони на светот.

Прочитајте повеќе: Инфантино објасни зошто Мундијалот во Русија е најдобриот во историјата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња